top of page
  • Facebook
  • Instagram

Имате прашања?
Добијте одговор на тацна.

Добредојдовте во „Одговор на тацна“ – рубрика на Филџан Правда, каде што најчестите правни дилеми на граѓаните ги претвораме во едноставни и разбирливи објаснувања.

​​

Доколку имате општо правно прашање, можете да ни го испратите преку формата подолу.

Секое прашање внимателно го разгледуваме, а секоја сабота, ги објавуваме одговорите!

​​

На овој начин, одговорот не му помага само на едно лице, туку и на сите оние кои се соочуваат со сличен проблем.

 

Пред да го испратите прашањето...

Ве молиме имајте предвид дека „Филџан Правда“ е едукативна платформа.

Одговорите што ги објавуваме имаат исклучиво информативна и едукативна цел и не претставуваат индивидуален правен совет, ниту создаваат однос адвокат–клиент или правен застапник–клиент.

Поради тоа:

  • не можеме да анализираме конкретни предмети преку оваа форма;

  • не можеме да толкуваме договори, судски одлуки или други документи;

  • не можеме да дадеме конечен правен совет без целосен увид во фактите и документацијата.

Доколку вашето прашање бара индивидуална правна анализа, ќе ве известиме дека е потребна директна консултација со адвокат или друго стручно лице.

​

Какви прашања можете да поставите?

✔️ Работни односи

✔️ Имот и недвижности

✔️ Наследно право

✔️ Семејно право

✔️ Потрошувачки права

✔️ Управни постапки

✔️ Кривично и прекршочно право

✔️ Други општи правни прашања

​

Филџан Правда постои со една цел – правото да биде разбирливо, достапно и поблиску до граѓаните.

Можно е токму вашето прашање да биде следната тема што ќе им помогне на илјадници луѓе.

​

 Ви благодариме што сте дел од нашата заедница.

​​

Одговорите на избраните прашања очекувајте ги секоја сабота на социјалните мрежи на Филџан Правда, во рубриката #ПравнаСабота.

3. Доколку одговорот биде јавно објавен, како сакате да бидете наведени?
Со име
Со иницијали
Анонимно

КОНТАКТ

Читај го правото во твоето поштенско сандаче.

© 2023 by Филџан Правда. Powered by Wix

bottom of page