top of page
  • Facebook
  • Instagram

Собранието го усвои законот за игрите на среќа и забавните игри

  • Writer: Ana Naumoska
    Ana Naumoska
  • Jun 13
  • 1 min read

Собранието на Република Северна Македонија на 11 јуни 2026 година го усвои Законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се воведуваат нови правила за работењето, надзорот и рекламирањето во секторот на игрите на среќа.


Законот предвидува објектите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, како и нови ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа. Меѓу другото, се забранува рекламирање кое ги претставува игрите на среќа како начин за постигнување финансиски успех или решавање на лични и социјални проблеми.


Новото законско решение воведува и дополнителни механизми за надзор и контрола, вклучително и обврска за геолокациско следење на апаратите за игри на среќа, како и нови услови и финансиски обврски за приредувачите. Дополнително, во законот се вградени мерки насочени кон спречување на перење пари и финансирање тероризам, во согласност со меѓународните препораки.


Според образложението на предлагачот, целта на законот е посеопфатно и попрецизно регулирање на оваа област, зајакнување на надзорот врз приредувачите и подобра заштита на јавниот интерес, особено во однос на малолетните лица и ранливите категории граѓани.


Comments


bottom of page