top of page


Quo vadis Струга?
Првиот круг од локалните избори 2025 во Општина Струга заврши без победник , со минимална разлика меѓу првите двајца кандидати. Независниот кандидат Менди Ќира, поддржан неформално од коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) и од ВМРО-ДПМНЕ, освои 9.934 гласа (37,7%) , додека Арсим Далипи, кандидат на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ, освои 9.719 гласа (36,9%) . Разликата меѓу нив изнесува само околу 215 гласови , што значи дека Струга ќе добие град
Ana Naumoska
Oct 21, 202511 min read


Де јуре слободни, де факто заробени
Правда, право, правичност,правилно, утопија или реалност? А всушност четирите столба на кои се гради парадоксалноста на човековите права. Основните критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество кои истовремено се и најјасниот показател за карактерот на власта, а воедно и "неотуѓиви" за секое човечко битие, без оглед на било кој статус на граѓанинот, денес, во ова „совршено“ општество ѝ противречат на својата дефиниција и стануваат само и само
Ana Naumoska
Sep 28, 20254 min read


Вистинскиот пулс на демократијата: Зошто локалните избори во Македонија се важни?
Во предвечерието на локалните избори и размислувањето за големите политички идеи, треба да се сетиме дека демократијата почнува таму каде што живееме. Додека расположението најчесто е резервирано за дебати за државниот врв и за избори што ги полнат националните медиуми, вистинскиот демократсéи процес најсилно се одразува во секојдневието на заедницата. Локалните избори, кои нѐ очекуваат наскоро, многу повеќе влијаат на нашите животи отколку што гласи општото мислење, бидејќи
Ana Naumoska
Aug 26, 202510 min read


Изборот меѓу две неправди – правото на глас кога нема за кого
„Гласај! Ако не гласаш – немаш право да се жалиш.“ Ама што ако сите опции ти мирисаат на пораз? Што ако не гласаш затоа што не си рамнодушен, туку затоа што си згрозен? Понекогаш изборите наликуваат на тест со два точни одговори – а и двата се неточни за твојата реалност. Гласаш со стегната вилица, затворени очи и стомак свртен наопаку. Зошто? Затоа што помалото зло не престанува да биде зло. Што е тоа право на глас? Правото на глас или избирачкото право содржи две компоненти
Ana Naumoska
Jul 4, 20255 min read


Закон за младинско учество и младински политики ft. Generation Z: TL;DR верзија
Во 2020 година, Северна Македонија го донесе првиот Закон за младинско учество и младински политики – документ кој ветуваше дека гласот на младите конечно ќе се слушне во институциите. Звучи моќно, нели? Но, пет години подоцна, многу млади сè уште не знаат што точно им гарантира овој закон, а уште помалку – како да го користат. Ако си на возраст од 15 до 29 години, овој закон е буквално за тебе. Тој дефинира што значи да си млад, како можеш да се вклучиш во носење одлуки, кои
Ana Naumoska
Apr 30, 20256 min read


На буква, на буква... Д како дискриминација
Дискриминацијата претставува сериозен општествен и правен проблем кој, и покрај законските забрани, сè уште е длабоко присутен во секојдневниот живот. Таа често не се манифестира отворено или агресивно, туку се појавува во суптилни, но системски форми: во нееднаков пристап до образованието, во пристрасни одлуки при вработување, во ограничен пристап до услуги или преку говор исполнет со предрасуди. Овие појави не се само прашање на морална неправда, туку и директна повреда на
Ana Naumoska
Apr 13, 20257 min read


Интернетот и авторските права: можност за валоризација или сепак закана?
Авторските права претставуваат правна заштита на оригиналните дела на авторите, овозможувајќи им ексклузивни права за користење и дистрибуција на нивните креации. Ова вклучува литературни, музички, драмски, визуелни и други уметнички дела. Целта на авторските права е да се поттикне креативноста и иновацијата, обезбедувајќи им на авторите правна заштита и можност за финансиска награда од нивната работа. Во Република Северна Македонија, авторските права се регулирани со Законо
Ana Naumoska
Feb 26, 20257 min read


Што е она што го нарекуваме устав?
Уставот претставува највисокиот правен акт на една држава чија структура е составена од две групи на одредби: основни човекови слободи и права и организација на државната власт. Овие две категории претставуваат составен дел од уставната материја. Во суштина, уставната материја ги уредува односите меѓу државата и граѓаните, обезбедувајќи правна и институционална рамка која одговара на социјалните, политичките и економските услови на општеството Уставен развој е процесот на
Ana Naumoska
Feb 21, 20257 min read


Кој ни даде право да имаме права?
Замисли си еден проѕирен, но цврст меур од сапуница што нежно те опкружува. Тој меур е невидлив, но секогаш е тука – те штити од неправда, од повреда, од негирање на твоето достоинство. Тоа се човековите права – заштита што ја имаш само затоа што си човек. Човековите права се основни слободи и гаранции што секој поединец ги има, без разлика на неговата националност, пол, вера или социјален статус. Тие се темел на праведно и хумано општество, создавајќи услови за достоинствен
Ana Naumoska
Feb 11, 20257 min read


Политичка култура 101: Што се тоа политички идеологии?
Во современото општество, поимот „политика“ сè почесто добива негативна конотација. Скандалите, манипулациите и недовербата во институциите создаваат впечаток дека политиката е далечна и недостапна за обичниот граѓанин. Наместо да се гледа како алатка за промени и подобрување на заедницата, таа често предизвикува разочарување и чувство на немоќ. Ова води до дистанцирање, пасивност и незаинтересираност за разбирање на политичките процеси, иако тие директно влијаат врз нашето с
Ana Naumoska
Jan 31, 202512 min read


Право, правда, правичност - навидум слични, а сепак различни
Правото, правдата и правичноста, се концепти кои со години се наоѓаат во средиштето на секоја општествена анализа. Независно дали се говори за воведување електронски учебници, за покачување на пензиите, субвенции за земјоделците или усвојување на измена на некој закон - секогаш кога треба да оцениме дали некој општествен тек е правилен или не, ние него го гледаме низ призмата на правото, правдата и правичноста. Меѓутоа, за да може правилно критички да се размислува, а оттука
Ana Naumoska
Jan 26, 20256 min read
bottom of page
