top of page
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
Search

Quo vadis Струга?

  • Writer: Ana Naumoska
    Ana Naumoska
  • Oct 21, 2025
  • 11 min read

Првиот круг од локалните избори 2025 во Општина Струга заврши без победник, со минимална разлика меѓу првите двајца кандидати. Независниот кандидат Менди Ќира, поддржан неформално од коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) и од ВМРО-ДПМНЕ, освои 9.934 гласа (37,7%), додека Арсим Далипи, кандидат на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ, освои 9.719 гласа (36,9%). Разликата меѓу нив изнесува само околу 215 гласови, што значи дека Струга ќе добие градоначалник во вториот круг. Во вториот круг на 2 ноември ќе се соочат Ќира и Далипи – првиот како независен кандидат со широка поддршка, вториот како претставник на партијата која досега ја водеше општината.


Третопласирана е Јована Мојсоска од партијата Левица со 2.809 гласа (10,7%), што претставува значајна поддршка за кандидат на оваа помала опозициска партија. Останатите шест кандидати – Роберт Милески (независен, поддржан од партијата Демократи), Љубе Петревски (Работничка партија), како и независните Насто Палиоски, Игор Малески, Бесник Асани и Мирко Савески – освоија секој по помалку од 1.000 гласови (секој под ~3% од гласовите). Бројот на неважечки ливчиња за градоначалник изнесува 1.394, што покажува дека речиси секое 20-то гласачко ливче било неважечко. Вкупната излезност во Струга беше умерена (околу 42%), нешто пониска од државниот просек (~48%).

Со новата Одлука за утврдување на бројот на членовите на советите на општините во Република Северна Македонија, бројот на советници во Советот на Општина Струга е намален на 23 членови. Со оваа одлука престанува да важи претходната одлука од 2013 година, со која Советот броеше 27 советници, а измената има за цел да се усогласи бројот на членовите со критериумите утврдени согласно Законот за локална самоуправа и реалните демографски параметри на општината.

Истовремено со градоначалничкиот избор, се одржаа и избори за новиот состав на Советот на Општина Струга. Советот брои 23 члена, а мандатите се распределени пропорционално според освоените гласови на советничките листи. Резултатите покажуваат силно фрагментиран совет, без ниту една партија/коалиција со апсолутно мнозинство. Најмногу мандати освои коалицијата НАИ предводена од ДУИ – 8 советнички места (што имплицира околу една третина од гласовите). На второ место е советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 6 мандати, додека опозициската албанска коалиција „Вреди“ (ВЛЕН) освои 4 советнички места. Значаен успех оствари и независната листа на Анела Ќазимоски со 3 советници . Присуството на традиционално доминантните партии од македонскиот блок е сведено на минимум: СДСМ освои само 1 советнички мандат, исто колку и Левица (1 место). Со тоа, новиот совет има шест различни субјекти:

Овие резултати значат дека ДУИ и партнерите немаат мнозинство во Советот (имаат 8 од 23 места), а потенцијалното мнозинство го држи неформалната коалиција околу Менди Ќира (ВМРО-ДПМНЕ + Вреди + независни) со околу 13 советници. Доколку Ќира победи во вториот круг, се очекува ова разнородно мнозинство (поддржано од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и независните) да го преземе раководењето со Советот. СДСМ ќе биде сведена на симболично присуство, со само еден претставник, додека Левица првпат влегува во Советот на Струга (исто така со еден член). Ваквиот распоред ветува живописни совети дискусии, бидејќи ниедна страна нема комотна предност, а ќе бидат неопходни партнерства преку етничките и партиските линии за носење одлуки. Новиот состав е веќе познат и е составен од старо-нови лица:

1. ФАТОН ПОЛОЖАНИ (4. НАИ)

2. МИРСАД МЕМИШОСКИ (4. НАИ)

3. ПРЕМТИМЕ ЗУЛАЛИ ДЕЛИАЈ (4. НАИ)

4. ШКЕЛЗЕН БЕКТЕШИ (4. НАИ)

5. ЕРЗАНА СПАХО БОЈКО (4. НАИ)

6. АРМЕНД РЕЧИ (4. НАИ)

7. ДИЈАНА ДАУТИ (4. НАИ)

8. АСИМ САИТОСКИ (4. НАИ)

9. КОСТА ХИОХИ (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

10. МИТЕ СТЕФОСКИ (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

11. ЕЛИСАВЕТА КОЧОСКА ВЕЛЈАНОСКА (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

12. РАДМИЛА МОЈСОВА-ЃИКОСКА (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

13. ЕРОЛ ЗЕНДЕЛОСКИ (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

14. ЕМИЛИЈА МИЛОШЕСКА (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

15. АМИР ЌАЗИМИ (7. Коал. ВЛЕН)

16. ЕУГЕН ШЕЈ (7. Коал. ВЛЕН)

17. ТЕУТА ЗИБА ЏЕЛАДИНИ (7. Коал. ВЛЕН)

18. НАФИ ЈОНУЗИ (7. Коал. ВЛЕН)

19. АНЕЛА ЌАЗИМОСКИ (120. ГИ А.ЌАЗИМОСКИ)

20. ЕНВЕР ВЕЈСЕЛИ (120. ГИ А.ЌАЗИМОСКИ)

21. АДЕМ АЈДАРОСКИ (120. ГИ А.ЌАЗИМОСКИ)

22. ДИМЧЕ ШИПИНКАРОВСКИ (5. Коал. СДСМ)

23. КЛИМЕ КАРАМИТРЕВСКИ (6. ЛЕВИЦА)

Партија / Коалиција

2025 (23 советници)

Апсолутна промена

% од вкупно 2025

Демократска унија за интеграција – ДУИ

10

10

0

37.0%

43.5%

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива

7

7

0

25.9%

30.4%

ВМРО–ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“

5

5

0

18.5%

21.7%

СДСМ и коалиција „Најдоброто за мојата општина“

4

1

-3

14.8%

4.3%

Беса

1

0

-1

3.7%

0%

Левица

0

1

+1

0%

4.3%

Независна листа (Анела Ќазимоски)

0

3

+3

0%

13.0%


·       Демократска унија за интеграција (ДУИ)

Иако го задржа истиот број советници (10), поради намалениот вкупен број на членови во Советот, ДУИ процентуално расте од 37% на 43,5%.Тоа ја зацврстува нејзината позиција како најсилен политички субјект во Струга, со висок институционален капацитет за контрола на процесите во локалната власт.

·       Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива

Со непроменети 7 советници, но процентуален раст (од 25,9% на 30,4%), оваа коалиција ја задржува силата како втора албанска и опозициска опција, особено во урбаните делови и дел од приградските населби.Иако нема раст во мандати, одржува стабилна поддршка, што ја прави клучен фактор во сите можни советнички мнозинства.

·       ВМРО-ДПМНЕ

Со 5 советници во двата изборни циклуси, ВМРО-ДПМНЕ ја задржува својата традиционална база, но без значаен раст.Поради намалениот број на советници, процентуалното влијание расте од 18,5% на 21,7%, што покажува консолидација без експанзија.Партијата не успева да пробие во мултиетничкиот урбан електорат и останува етнички дефинирана и ограничена.

·       СДСМ

Од 4 на само 1 советник (пад од 14,8% на 4,3%), СДСМ бележи најдрастичен изборен пад во последната деценија.Овој резултат укажува на губење на довербата кај македонските гласачи и на неможност да мобилизира албански и граѓански гласови.Локално, ова значи губење на релевантноста во одлучувачките процеси, а партијата ризикува целосна маргинализација на локално ниво.

·       Левица

Со еден советник во 2025, Левица освојува околу 4,3% од мандатите.Овој резултат покажува дека антисистемскиот и популистичкиот глас добива локална форма.Партијата се позиционира како „трет македонски глас“, меѓу ВМРО и СДСМ, со потенцијал да ги апсорбира незадоволните гласачи од двата блока.

·       Независна листа (Анела Ќазимоски)

Со три советнички места (13%), независната листа предводена од Анела Ќазимоски претставува значаен нов политички фактор во локалниот совет.Настапот е надетнички и фокусиран на прашања поврзани со транспарентност, граѓанска отчетност и родова еднаквост.Овој резултат покажува дека во Струга постои растечки интерес за граѓанско претставување надвор од партиските структури и дека независните листи можат да имаат реална улога во локалната политика.


Во новиот состав на Советот на Општина Струга се забележува јасна консолидација на етнополитичката поларизација. Албанските партии заедно држат над 70% од вкупниот број советнички места, што потврдува трајна етничка доминација и ограничен простор за развој на граѓански и надетнички политички алтернативи. Истовремено, се забележува пад на граѓанскиот и социјалдемократскиот фронт, при што СДСМ и сродните листи губат поддршка и простор во локалниот политички систем, што резултира со намален идеолошки плурализам во Советот.

Појавата на независната листа на Анела Ќазимоски со три советнички места и на Левица како нов политички субјект внесува одредена идеолошка и граѓанска свежина, но без значително влијание врз одлучувачките процеси. Во вакви услови, ДУИ и Алијансата за Албанците го задржуваат меѓусебниот баланс на сили, што укажува дека коалициите и неформалните договори ќе останат клучен механизам за функционирањето на Советот и за носењето на политичките одлуки.




Што беше понудено за Струга на овие избори?

 Кандидат

Сумарен преглед на програмата

Арсим Далипи(ДУИ / НАИ)

Детализирана програма со 11 столбови. Акцент на дигитална и транспарентна општина (е-Комуна), нови урбанистички решенија, пречистителни станици, инфраструктура, детски и социјални сервиси. Заштита на крајбрежјето во согласност со УНЕСКО. Технократски и институционален пристап.

Менди Ќира(Независен / ВЛЕН + ВМРО)

Граѓанска програма со силен економски фокус – туристичко пристаниште, катни паркинзи, уреден кеј, дигитализација, младински парк, транспарентност. Пристап на менаџер без партиски притисок. Широка поддршка од опозицијата.

Фокус на борба против корупција, урбанистички хаос и узурпација на јавниот простор. Строги антикорупциски мерки, заштита на крајбрежјето, владеење на правото. Претежно еколошко-правничка ориентација со критички тон.

Роберт Милески(Независен / Демократи)

Иновативна визија – дигитална општина, технолошки парк, дата-центар. Поддршка за ИТ, стартапи и туризам. Урбано ориентиран со технократски фокус, но со високи амбиции кои бараат ресурсна поткрепа.

Љубе Петревски(Работничка партија)

Социјално ориентирана програма: работнички права, подобрување на условите во јавниот сектор, соработка со синдикати и грижа за ранливите. Левичарски дискурс со нагласок на правда, без многу инфраструктурни ветувања.

Насто Палиоски(Независен)

Скромна јавна програма. Настап со директен теренски пристап и заложба за секојдневни решенија – осветлување, вода, пристапни патишта. Кампања базирана на лична репутација и локална доверба.

Спортски профил. Главни заложби: поддршка на спортот, уредување на јавен простор и критика на негрижата кон спортската инфраструктура. Слаба онлајн програма, силен теренски настап.

Бесник Асани(Независен)

Присутен на терен и со фокус на инфраструктура во руралните средини, образование и локална култура. Без јавен документ, но со умерено видлива кампања меѓу албанската заедница.

Мирко Савески(Независен)

Адвокат со акцент на владеење на правото, антикорупција и транспарентност. Без програма на хартија, но јасна порака за правична и ефикасна општина базирана на законитост.

Кои се реалните потреби на Струга?

Што реално ги мачи граѓаните на Струга?


Додека кампањите за локалните избори се полни со зборови како “развој”, “модернизација” и “туристички потенцијал”, реалноста на обичниот стружанец е сосема поинаква — секојдневие на нефункционалност, негрижа и институционална неевидентност.

Почнувајќи од основните услови за живеење, Струга се соочува со урбанистички хаос кој трае со децении. Со над 7.000 дивоградби на територијата на општината, дел од нив буквално изникнати на крајбрежјето, градот го губи и својот лик и правото на јавен простор. Она што некогаш беше отворен пристап до езеро, денес е приватизиран, затворен и непрооден.

Ниту пешачкиот простор не е поштеден. Тротоари или ги нема или се окупирани од возила. Пешачката патека покрај езерото, која би требало да биде белодробниот отвор на градот, денес служи како дополнителен паркинг. Столбчињата што ја одвојуваа од коловозот се искршени, а институциите — неми.

Во меѓувреме, основната безбедност е доведена под прашање. Уличното осветлување не функционира во цели населби, а електрични инсталации од бандери се оставени отворени, изложени на допир — потенцијална закана за животот на граѓаните. Сообраќајната сигнализација е речиси непостоечка. Пешачките премини избледени, сообраќајните знаци отстранети, а од нив останале само рѓосани столбови. Градот се претвори во зона без правила.

Во периферијата — сликата е уште поцрна. Селата се отсечени, без редовен јавен превоз. Во зима, дел од нив остануваат непроодни со денови, без пат до болница, аптека или училиште. Во 21-ви век, недалеку од Охридското Езеро, луѓето живеат без вода со месеци годишно. Старите водоводни мрежи пукаат, притисокот е слаб, а снабдувањето — ненавремено и нееднакво.

Хигиената на јавниот простор е уште еден сериозен проблем. Дивите депонии не само што не се расчистуваат, туку се размножуваат. Во нив често се пали отпад без контрола, а сметот е оставен покрај патишта и реки. Град што се продава како туристичка дестинација тоне во ѓубре.

Секако, не треба да се заборават ниту кучињата скитници, кои во недостиг од прифатилиште, се движат низ градот во глутници. За многумина, одењето до продавница или училиште е секојдневен ризик.

И кога граѓанинот ќе се обиде да побара отчет или одговор — ќе наиде на ѕид. Советот на општината ретко навремено објавува документи, буџети или дневни редови. Одлуките се носат зад затворени врати. За скандалите, непотизмот и злоупотребата на службена должност се зборува отворено, но институционално никој не одговара.


Колку права им се прекршени на стружани?


Проблемите што секојдневно ги трпат граѓаните на Струга не се само административен или инфраструктурен неуспех – тие претставуваат директно прекршување на загарантирани права според Уставот на Република Македонија и релевантните закони за локално управување, урбанизам и јавна безбедност.

1. Повреда на правото на достоинствен живот и животна срединаЧлен 8 од Уставот ги утврдува темелните вредности на уставниот поредок, меѓу кои се „слободата, човековите права и достоинството на човекот“ и „владеењето на правото“. Согласно член 43, „секој има право на здрава животна средина“ и државата е должна да обезбеди „услови за заштита и унапредување на животната средина“. Воедно, Законот за урбанистично планирање предвидува дека основното начело во процесот на урбанизацијата е едно од основните начела на истиот. → Дивоградбите, узурпираните крајбрежја, дивите депонии и отсуството на одржување не се само естетски проблем – тие претставуваат системско непочитување на ова уставно право.

2. Нарушување на правото на безбедност и јавен редЧлен 11 од Уставот го гарантира правото на физички и морален интегритет. А, Законот за локалната самоуправа предвидува дека Советот усвојува и имплементира годишен план за јавна безбедност.→ Отворени електрични инсталации, нефункционално улично осветлување, отсуство на тротоари и див сообраќај се директна повреда на ова право. Присуството на кучиња скитници без контрола, исто така, секако влегува во доменот на закана по јавната безбедност.

3. Повреда на правото на вода и јавни услугиИако правото на вода не е експлицитно наведено во Уставот, согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води  и Законот за комунални дејности, општината има обврска да обезбеди „достапност на доволни количества здравствено исправна и чиста вода за пиење за потребите на корисниците на услугата, согласно со барањата, стандардите и вредностите за квалитет на водата “.→ Прекини на вода 150 дена во годината и целосен недостиг 50 дена се флагрантно прекршување на тоа. Тоа влијае врз здравјето, достоинството и секојдневниот живот на граѓаните.

4. Недостиг на транспарентност и отчетностУставот бара сите јавни институции да постапуваат согласно законите и принципот на јавност. Законот за локална самоуправа (чл. 8 и чл. 42) јасно налага дека општинските совети и градоначалниците мора да обезбедат транспарентност во работењето, вклучително и објавување на буџети, дневни редови и записници.→ Кога Советот навремено не објавува одлуки, кога нема увид во трошење средства, тоа не е само прашање на политичка култура – тоа е прекршување на законски обврски.

5. Загрозување на еднаков пристап до јавни услуги и социјална инклузијаЧлен 9 од Уставот ја гарантира еднаквоста на сите граѓани. Законот за локална самоуправа предвидува дека општините се должни да обезбедат рамноправен пристап до услуги, инфраструктура и комуникација (чл. 22 и 24). Дотолку повеќе што и со член 57 од Уставот се предвидува обврска на државните и локалните власти да се грижат за порамномерен просторен и регионален развој како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја→ Кога селата остануваат отсечени во зима, без јавен превоз или проодни патишта, кога делови од градот се системски запоставени, се создава двојна реалност – граѓани од прв и втор ред, што е спротивно на уставниот принцип на еднаквост.

6. Узурпација на јавниот простор и деградација на заедничкото доброЧлен 56 од Уставот јасно определува дека „природните богатства, езерата, реките, шуми, добрата во општа употреба, патиштата и другите добра од јавен интерес […] се добра од заеднички интерес и уживаат посебна заштита“. Во контекст на урбанистички развој, Законот за урбанистичко планирање предвидува дека во просторот опфатен со урбанистичките планови, јавен интерес е уредувањето и хуманизацијата на просторот, заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, како и зачувувањето на природните и културните вредности на просторот

→ Кога крајбрежјето на Охридското Езеро се претвора во приватна зона преку дивоградби и концесии, кога јавните пешачки патеки се узурпираат како паркинзи, кога паркови и јавни површини исчезнуваат — тогаш не само што се прекршува правото на пристап, туку се разнебитува самата идеја за заедничко добро. Ова не е само технички или естетски проблем, туку и уставно-правен – со последици по правичноста, животната средина и социјалната кохезија.


Што понатаму?

Оваа ситуација не останува без одговор од јавноста. Стружани се очигледно разочарани – а тоа најгласно се чита меѓу бројките. Во првиот круг на изборите, 1.349 ливчиња за совет биле неважечки, а дури 1.394 ливчиња за градоначалник – отфрлени. Тоа не се статистички грешки, туку јасен протест. Од вкупно 62.711 запишани избирачи, само 42,01% излегоа на гласање – што значи дека речиси 6 од 10 граѓани решија да не дадат глас на никој. Апстиненцијата и празното ливче станаа форма на отпор. Ако политичките елити не го препознаат ова како аларм, следниот мандат ќе го поминат не во градска куќа – туку во криза на легитимитет.

Она што се случува во Струга веќе не е прашање на политички (не)успех, туку на институционален и правен распад. Против актуелниот градоначалник и општината веќе се поведени постапки за злоупотреба на службена положба, што само го потврдува впечатокот за системска неодговорност. Дополнително, заради негрижата околу дивата депонија кај Струга, веќе има поднесена тужба пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), што ја става општината и државата во позиција на меѓународен правен надзор. Во ваков контекст, кој и да биде следниот градоначалник, нема право на игноранција — новиот мандат мора да започне со итна акција за реституција на јавниот простор, демонтажа на клиентелизмот и сериозна обнова на институциите кои, предолго, не функционираат. Инаку, граѓаните нема да изберат иднина – туку продолжение на распадот.




Ана Наумоска е дипломиран политиколог и магистер по меѓународно право. На Правниот факултет во АУЕ-ФОН е именувана за демонстратор за академската 2022/23 и 2023/24 година и каде предава следните предмети: Уставно право, Финансово право, Меѓународно право и Римско право на студенти на додипломски студии. Ана работи како проектен и истражувачки координатор во областа на граѓанските и младинските политики во Здружението за развој и активизам Аква - Струга и како предавач во Учиме право клубот на Младински образовен форум за средношколци каде ја извршува и функцијата на Локален координатор за југозападен регион.


 
 
 

Comments


КОНТАКТ | CONTACT 

Email: naumoska.ana@yahoo.com

+389 78 322 676

ПРИДРУЖИ СЕ НА ЛИСТАТА ЗА Е-ПОШТА

JOIN OUR MAILING LIST

© 2023 by Филџан Правда. Powered by Wix

bottom of page