top of page
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
Search

Де јуре слободни, де факто заробени

  • Writer: Ana Naumoska
    Ana Naumoska
  • Sep 28, 2025
  • 4 min read


Правда, право, правичност,правилно, утопија или реалност? А всушност четирите столба на кои се гради парадоксалноста на човековите права. Основните критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество кои истовремено се и најјасниот показател за карактерот на власта, а воедно и "неотуѓиви" за секое човечко битие, без оглед на било кој статус на граѓанинот, денес, во ова „совршено“ општество ѝ противречат на својата дефиниција и стануваат само и само сигма на усвоени принципи. Инструментите за кои се договориле државите, како што се меѓународните текстови, но и највисокиот акт кога се во прашање човековите права- „Универзалната декларација за човекови права“ со кои се поставуваат стандардите во областа на човековите права, во која се изнесуваат начелата кои треба да имаат силно влијание во целиот свет, за голем број држави и општества,де факто не се упоребуваат како веќе само и само зарѓавени инструменти. И кога Генералното собрание на Обединетите Нации на 10ти декември 1948 година ја усвоиле токму „Универзалната декларација за човекови права“, а подоцна и на 4ти ноември 1950 година и „Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи“, најпрвин во Париз, а потоа во Рим, соодветно, сите 56 претставници од земјите членки, отишле таму со еден стрмеж. Не да ја прошетаат Европа, туку да создадат заеднично наследство на политичка традиција, идеали, принципи, почитувањето на слободата и правната држава и за да ги направат првите чекори за колективно гарантирање на човековите права, кои дотогаш на глобално ниво беа само морални вредности за одредена маса на луѓе.

Но, денес, кога човековите права треба да се близу својот врв, до точката на кулминација, како и да се заборава Еленор Рузвелт. „Судбината на човековите права е во рацете на сите граѓани во сите заедници“, нели? А, всушност, во овој бурен 21ви век, граѓаните во заедниците не се чувствуваат безбедно, зашто судбината на нивните права зависи од пушката во рацете на вооружениот регрутиран цивил. Денес, ако сакаш слобода, треба да си подготвен на ропство. Ако сакаш живот, да знаеш што е смртта. Ако сакаш правда, право, правичност, правилно, треба да ја платиш цената на реалноста. Па зар тогаш, не сме ли сите за во Стразбур?

Денес, декларативно е признaвaњeтo нa врoдeнoтo дoстoинствo, слoбoдaтa, прaвдaтa и мирoт вo свeтoт, бидејќи повеќе суштественото е само парче хартија, празно изговорени зборови кои водат само до тиранија и угнетување. „И бидejќи сoздaвaњeтo нa свeт вo кoj луѓeтo ќe ja уживaaт слoбoдaтa нa гoвoр и убeдувaњe и ќe бидaт oслoбoдeни oд стрaвoт oд вojнa и сирoмaштиja“ останува вечна замислена утопија. Бидејќи човекот, денес се повеќе и повеќе се оддалечува од неговата дефиниција, од сите негови чувства кои го дефинираат како разумен човек и станува лакомо куче кое слободата ја заменува со пари и интерес. И токму тогаш, кога ќе засветка знакот на доларчињата, човекот станува роб. Неговото право на слобода, право на живот, право на еднаквост и достоинство, тогаш стануваат фиктивни начела. И токму тие, се наоѓаат во еден дрвен сандак, заклучен со метален клуч, чиј сопственик се менува. Сакаш европски, сакаш западен, проамерички, проруски, сакаш комшиски. И клучот секогаш виси на вратот на триглавото куче кое го чува ковчегот. Тоа куче, со главите именувани закони, правна држава и владеење на правото секогаш како за доручек ги јаде принципите на меѓународното хуманитарно право. А господарот, сопственикот на клучот „ ќе се смее на болката на заробеникот додека му паѓаат лиги од бифтекот срнечки што го јаде“. И кој ќе го спаси заробеникот? Кој ќе му ги врати човековите права? Кога секоја држава ја злоупотребува можноста на ускратување на човековите права и со тоа се повеќе ја прави видлива разликата меѓу поимите правна држава каде на прво место е почитувањето на законот за сите подеднакво и владеење на правото каде најважен е актот на почитување на правото на поединецот. Каде што има сила, нема правдина.

А, зар, не сме сите исти? Зар не сме сите деца на Бога, луѓе, суштества од крв и месо? Или сепак, еднактвоста се мери по купчето пари врз кои тече невината крв од детето од Палестина? Во таквата ситуација, во моменти на воена криза, кога по улиците во Газа лудуваат Израелците, тогаш, клучот кој виси од гладното куче ќе биде последното нешто кое ќе го бараш. И во тој миг мислиш на слободата, на животот, на оковите на заробениот, на смртта. Мислиш на правдата, правото, правичноста,правилното. А што е со оние чии раце молат за корка сув леб дур усните низ шепот редат клетви безброј? Што е со оние чија усна трепери без капка чиста вода кои под сонцево жешко се приморани на напорна работа? Па зар исто Сонце не не грее сите, подеднакво? А и какво е тоа Сонце кое е засенето од грозоморноста на светот? И тогаш сфаќаш, дека борбата за човековите права всушност и не заврши тој 4ти ноември 1950 година во Рим со усвојување на „ Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи“. Борбата за човековите права трае и ќе трае се додека замолчениот човек не прозбори, ослепениот не прогледа, оглувениот не прослуша. Тогаш, кога на светот ќе му се дознае секоја пролиена крв, секоја последна воздишка и солза пролиена, кога авангардата ќе ја пробие олигархијата и кога војниците ќе ги спуштат своите оружја, завојуваните страни ќе си пружат рака, тогаш кога мајката ќе го прегрне безгрижно своето дете, тогаш светот ќе блесне со боите на вечниот идеал кога заробеникот конечно ќе сфати дека не е слободен. Па така, де јуре ние ги уживаме човековите права, но де факто тие се оние по кои непрекинато трагаме.



Пишува: Даница Левкова


 
 
 

Comments


КОНТАКТ | CONTACT 

Email: naumoska.ana@yahoo.com

+389 78 322 676

ПРИДРУЖИ СЕ НА ЛИСТАТА ЗА Е-ПОШТА

JOIN OUR MAILING LIST

© 2023 by Филџан Правда. Powered by Wix

bottom of page